Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Матеуш Нунеш од Манчестер Сити бил уапсен во Мадрид, инцидентот се случил на 8. септември, фудбалерот завршил зад решетки поради кражба на мобилен телефон.
Матеуш Нунеш од Манчестер Сити имал непријатно искуство во Мадрид минатиот месец, фудбалерот од средниот ред завршил зад решетки поради бизирна причина.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Матеуш Нунеш бил уапсен во ноќниот клуб Ла Ривиера поради грабеж на мобилен телефон.
Имано, во тоалетот на ноќниот клуб, едно лице го фотографирало Матеуш Нунеш. Репрезентативецот на Португалија се налутил бидејќи човекот не побарал дозвола, па му го одзел мобилниот телефон.
Полицијата овој инцидент го третирал како грабеж, па Матеуш Нунеш бил однесен во полициска станица, каде платил кауција и бил пуштен на слобода.