Фудбалер на Израел провоцираше и предизвика мешаница во Албанија (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Пријателскиот дуел меѓу Албанија и Израел во Тирана не помина без тензии, откако на теренот изби конфликт по победничкиот погодок на гостите. Израел славеше со 0-1, а решавачкиот момент се случи во 73. минута кога Оскар Глук ја затресе мрежата на домаќините. Наместо само радост по голот, неговата прослава предизвика бурна реакција кај Албанците.

Глук се сврте кон трибините и со гестикулација им порача на навивачите да замолкнат, а потоа го покажа и грбот од својот дрес. Тоа не им се допадна на албанските фудбалери кои веднаш реагираа и тргнаа кон стрелецот на голот.

За неколку секунди настана турканица во која се вклучија играчи од двете селекции, а атмосферата дополнително се вжешти пред очите на гледачите во Тирана. Сепак, поголем инцидент беше избегнат и по кратки расправии ситуацијата беше ставена под контрола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×