165
Тони Лајстнер за
момент се најде во центарот на вниманието во фудбалска Германија, но и пошироко
од тоа, откако фудбалерот на Хамбургер мораше да се извинува јавно поради тоа
што го стори на вчерашниот меч за својот тим.
Хамбургер загуби
убедливо кај Динамо Дрезден со 4-1 во рамките на Купот на Германија, а ова беше
гостување на Лајстнер кај неговиот поранешен клуб, па за момент ги загуби
нервите и тргна да се пресмета со навивач на домаќините, откако претходно добил
навреди по неговото семејство.