Фудбалер на Хајдук со провокација за Гимараеш: Кога дојдоа на Пољуд, видов страв во нивните очи

by
0 минути читање

Хајдук со 3-1 го доби мечот на Пољуд, па има големи шанси да го помине Гимараеш и да се пласира во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Во пресрет на утрешниот меч, Лукас Гргиќ е прилично уверен во нова победа и пласман понатаму.

„Атмосферата на Пољуд не може да се споредува со ништо друго. Видов страв во нивните очи, тие никогаш не играле на таква атмосфера. Ќе победиме повторно. Тие велат дека не чекаат нас, но ќе видиме“, изјави Гргиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани