Ситуацијата на Мвепи би можела да се влошува со текот на времето со што ќе го стави фудбалерот во висок ризик од потенцијален срцев удар со фатални последици доколку продолжи да игра фудбал.
„Ние сме апсолутно шокирани поради тоа што му се случува на Енок. Тој и неговото семејство имаа трауматични неколку недели и ние само сме благодарни што тој го помина тој период, тоа е една ветувачка кариера скратена на толку млада возраст. Ние како клуб ќе му ја дадеме сета љубов, помош и поддршка колку шт можеме за комплетно да се опорави, а потоа тој ќе одлучи што ќе прави понатаму во животот“, изјави претседателот на Брајтон, Тони Блум.
Главниот доктор во Брајтон, Адам Брет вели дека ова е ужасно за Енок, но мора да ја прекине кариерата.
„Ова е ужасен удар за Енок, но тој мора на прво место да го стави своето здравје и своето семејство и ова е правилен избор, колку и да е тешко да го напуштиш спортот кој го сакаш“, вели Брет.
Енок се разболел на летот до Замбија, неговата земја каде бил за време на репрезентативната пазуа, поминал некој период во болница во Мали па се вратил во Брајтон на дополнителни срцеви тестови.
Тестовите покажале дека има наследна срцева болест која се манифестира подоцна во животот и претходно не можела да се открие на регуларните срцеви проверки.
Поради ова тој на 24-годишна возраст мора да ја заврши фудбалската кариера.