Фудбалер на Баерн побарал плата од 15 милиони па доби одговор: Треба да биде реален, не е Хари Кејн!

by bojan
1 минути читање

Легендата на Баерн Минхен, Ули Хенес даде свое видување за написите кои велеа дека Конрад Лаимер побарал 15 милиони евра по сезона за да стави потпис на нов договор, смета дека Австриецот треба да биде пореален.

Во последно време, Баерн Минхен мака мачи во преговорите за нови договори со своите фудбалери, речиси сите бараат многу пари за да останат верни.

Последен таков случај е Конрад Лаимер, кој побарал платата од 10 милиони евра, да му скокне на дури 15 милиони евра.

„Баварците“ не се подготвени на ова, а легендарниот Ули Хенес порача дека фудбалерот од Австрија треба да биде малку пореален.

„Не сакам да говорам за конкретни бројки, но кога ќе прочитате што наводно се неговите барања, мора да го ставите тоа во перспектива“ – вели Хенес.

„Кони е играч кој многу го ценам, тој е исклучително важен за тимот како и за имиџот на клубот. Работи напорно, но едноставно не е Марадона!“.

„И играчите како него мора да прифатат дека постојат граници. Тоа што го добива во моментов, ретко кој клуб во Европа може да му го понуди“.

„Искрено не знам што точно Макс (спортскиот директор Еберл) му понудил, но очигледно не се поклопува со барањата на неговите агенти. Ова нема никаква врска со нашата политика, туку реална проценка – тој е вреден играч, но не е од рангот на Хари Кејн!“

ФОТО: X/FC Bayern

Можно е и ова да ти се допаѓа

×