Иако на адреса на Барселона пристигнаа неколку прифатливи понуди, Де Јонг не сакаше да си замине, велеше дека е среќен на Камп Ноу и сака да остане.
Според медиумите, причината и на двете страни беа парите. Барселона сакаше да го продаде затоа што платата на Холанѓанецот е огромна, а тој сакаше да остане затоа што клубот има долгови кон него.
За време на корона кризата, Де Јонг прифати намалување на платата, но делот кој му беше намален треба да му се исплати сега.
„Не мислам дека сум најплатен фудбалер на Барса по меси. Има кампања со многу лаги против мене“, вели Де Јонг.
„Во секоја од трите години кои ги играв тука, јас прифатив намалување на платата. Па парите кои сега треба да ми дојдат секако дека изгледаат многу“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.