Французите се жалат на судиска грешка, дали голот на Меси требаше да биде поништен? (ФОТО)

by
1 минути читање

Првиот човек на
судиите, Пјерлуиџи Колина го испофали Симон Марчињак за начинот на кој ја
делеше правдата во финалето помеѓу Аргентина и Франција, но Л’Екип пишува за
голем пропуст.

Реномираниот
француски весник вели дека голот на Лео Меси за 3-2 не требал да биде признаен.

Проблем е тоа што
двајца фудбалери од клупата на Аргентина тргнаа предвреме да се радуваат и
влегоа во терен пред топката да ја помине гол линијата.

Според правилата,
судијата требал да го поништи голот и да досуди индиректен удар на местото каде
што фудбалерите од клупата влегле на теренот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани