Еден Азар, кој на 33 години отиде во фудбалска пензија, минатата недела седна
на разговор со „Франс Фудбал“ и раскажа како никогаш не бил голем професионалец.
Поранешниот играч
на Челси и Реал Мадрид порача дека диетата е глупост, залудно е да се држи, и
тој сакал да ужива во животот, во вкусната храна, чашка пиво или вино.
Ова не му се
допадна на Кристоф Дугари, француската легенда жестоко го нападна Еден Азар.
„Лесно е да се
кажува ова сега, требал да го каже претходно, требал да го каже кога потпишувал
мултимилионски договори, тогаш требал да му каже на претседателот дека излегува
навечер“ – вели Дугари.
„Дали им кажал на
тренерот и соиграчите дека се пијанчи и дека не сака да трча? Фудбалот е
професионален и тимски спорт. Имате обврски. Секако дека не можете да почитувате сè од А до
Ш, но срамно е да промовирате вакви глупости“.
„Азар беше голем
играч, но срамно е за навивачите кои плаќале скапи карти да го гледаат, а тој
се пијанчел ден претходно“.
„Неговото
интервју го исмева фудбалот. Ако е маж, требал ова да го каже претходно, требал
овие работи да му ги каже во лице на Зидан“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.