Франција прв учесник на Ф4 турнирот, Лигата на нации ќе добие нов шампион (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лигата на нации
ќе добие нов шампион, вечерва во дербито во Групата 3 од Лига А, Франција
триумфираше во Лисабон против Португалија со 0-1.

Единствениот гол
падна по десетина минути игра во вториот дел. Патрисио го одбрани ударот на
Рабио, но Канте прв дојде до одбиената топка и ја затресе мрежата.

На едно коло
до крајот, „триколорите“ имаат +3 на врвот и се првата репрезентација која
обезбеди настап на Ф4 турнирот, додека популарните „селесао“ нема да можат да
го бранат трофејот.

На вториот
натпревар од Групата 3, Шведска со 2-1 ја совлада Хрватска и си ги зачува
шансите за опстанок во Лига А.

Кулушевски го отвори
резултатот во 36. минута, а во последните мигови од првиот дел, Даниелсон погоди
за 2-0. Истиот играч во 82. минута ја затресе сопствената мрежа и ја направи
интересна завршницата од мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани