Франција, Португалија и Белгија обезбедија пласман на Европското првенство (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Французите со гостински триумф кај Холандија го заверија пласманот на Европското првенство, Килијан Мбапе беше стрелец на двата гола.

Мбапе погоди во седмата минута за водство од 1-0, а по осум минути игра во вториот дел постигна прекрасен погодок за 2-0.

Во финишот од мечот Хартман постигна само почесен гол за Холандија.

Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на Португалија над Словачка од 3-2 за место на Европското првенство.

Покрај Роналдо, гол даде и Рамош. Погодоците за Словачка ги постигнаа Ханко и Лоботка.

Два гола даде Лукебакио и еден Лукаку за победа на Белгија од 3-2 на гостувањето кај Австрија. Погодоците за домаќините ги постигнаа Лајмер и Сабицер.

Во останатите денешни натпревари, Грција со 2-0 славеше во Ирска, со истиот резултат Босна и Херцеговина победи кај Лихтенштајн. Мечот меѓу Исланд и Луксембург заврши нерешено 1-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

×