Французите покажаа моќ во првиот дуел од нокаут фазата на Светското првенство, создадоа многу шанси, дадоа три гола и со 3-0 ја победија Шведска за пласман во осминафиналето.
Момците на Дешан покажаа зошто се најголем фаворит за трофејот на Светското првенство, доминираа на теренот во текот на целиот меч против Шведска, имаа чисти шанси, стативи, дадоа три гола и заслужено одат понатаму.
Првпат се израдуваа на погодок во 21. минута кога Мбапе реализираше, но голот му беше поништен поради офсајд.
Првиот регуларен гол падна пред истекот на првото полувреме кога по една одлична акција, Мбапе од странична позиција биеше прецизно за водство на Франција од 1-0.
По осум минути игра во вториот дел веќе беше 2-0. Олисе асистираше до Баркола кој постигна гол и ја дуплираше предноста на Французите.
Конечните 3-0 ги постави Мбапе, овојпат по асистенција од Олисе, играчот на Реал Мадрид погоди и ја завери победата.
Франција во осминафиналето ќе игра против Парагвај кој претходно ја шокираше Германија.