Фотографија од Санти Казорла која ги загрижи фановите на Арсенал (ФОТО)

by
1 минути читање

Арсенал игра променливо во овој период од сезоната, загуби дома од Ватфорд, потоа беше поразен и од Челси, па го победи Хал.

Санти Казорла е многу важен дел од Арсенал кога станува збор за креативноста во тимот. Потребен му е на тимот особено во периоди како овој, па фановите се во исчекување на негово враќање, но се чини дека ќе почекаат уште малку.

Казорла во октомври заработи повреда на зглобот и од тогаш е во аут. Пред еден месец Венгер изјави дека шпанскиот играч морал да направи операција и очекува да се врати за шест недели.

Но, од изјавата на Венгер поминаа четири недели, а синоќа се појави фотографија од Казорла која не влева оптимизам дека по уште две поминати недели фудбалерот ќе се стави на располагање на тимот.

Од фотографијата се гледа дека Казорла на повредената нога не може да облече ниту патика, тој во град бил излезен со влечка. Овој факт не дава ама баш никаков оптимизам за фановите на Арсенал дека нивниот фудбалер наскоро би можел да се појави на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани