Фотографија од репрезентацијата на Франција предизвика дебата поради отсуството на еден фудбалер (ФОТО)

by
1 минути читање

Фудбалската федерација на Франција сакаше да им се заблагодари на малите клубови за нивниот придонес во оформување на новите ѕвезди, па репрезентативците на „триколорите“ позираа со дресовите на клубовите во кои ја започнаа кариера.

Но на тимската фотографија го немаше Матео Гендузи и тоа покрена голема дебата.

Од таборот на ФФФ не дадоа официјално образложение, а една теорија е дека фудбалерот од средниот ред го нема на фотографијата за да не си направи проблем со Марсеј.

Имено, Матео Гендузи потекнува од школата на ПСЖ, „светците“ и Марсеј се лути ривал, па сигурно на „Велодром“„ нема да им се допадне нивниот играч да позира со дресот на ПСЖ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани