Флоријан Вирц си ја отворил душата и го информирал Чаби Алонсо каде ќе се пресели

by bojan
1 минути читање
Вирц

Како што пренесува Билд, Флоријан Вирц разговарал со Чаби Алонсо и го информирал тренерот дека следниот чекор во кариерата ќе му биде трансфер во Баерн Минхен.

Флоријан Вирц треба да биде еден од најголемите трансфер во летниот преоден рок, за услугите на Германецот интерес пројавуваат неколку гиганти.

Се шпекулира дека Чаби Алонсо сака со себе да го понесе Флоријан Вирц во Реал Мадрид, но фудбалерот го информирал стратегот дека има други планови.

Како што пренесува Билд, Флоријан Вирц си ја отворил душата во разговор со тренерот и му пренел дека следниот чекор во кариерата ќе му биде трансфер во Баерн Минхен.

Во моментов нема конкретни преговори помеѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен, се говори дека „баварците“ имаат подготвени 250 милиони евра за реализација на зделката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани