Флорентино Перез испрати порака до Мбапе по триумфот на Реал во Суперкупот на Шпанија

by
1 минути читање

Килијан Мбапе ги
одработува последните шест месеци од договорот со ПСЖ, па неговата иднина
повторно е една од топ темите во трансфер шпекулациите.

Реал Мадрид и
понатаму се посочува како прв фаворит за потписот на напаѓачот, одредени извори
пишуваат дека „кралевите“ сепак нема вечно да го чекаат Французинот и му
поставиле ултиматум, да даде одговор до средината на јануари.

По синоќешната
победа од 4-1 над Барселона во Саудиска Арабија, Флорентино Перез беше запрашан
за Килијан Мбапе, а првиот човек на Реал сугерираше дека напаѓачот не му е
приоритет овој момент.

„Само што го освоивме
Суперкупот на Шпанија, па сега не е моментот да разговараме на оваа тема. Сега
треба да им се честитам на играчите кои ги имаме, а не да коментирам за фудбалери
кои играат во други клубови“
–  рече
Флорентино Перез.

„Постигнавме 9
гола на 2 натпревари против силни ривали од калибарот на Атлетико Мадрид и
Барселона“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×