Флорентино Перез е подготвен да му прости на Мбапе и да потпише со него, но Реал Мадрид ги диктира условите

by
1 минути читање

Мбапе брзо се појака откако стави потпис на богатиот договор со ПСЖ, напаѓачот од омилен, стана фигура која луѓето почнаа да ја мразат проради арогантното однесување и себичноста која ја покажува на теренот.

Наводно, ПСЖ не му го исполнува тоа што му го вети, Мбапе не е шеф како што му рекоа дека ќе биде, фудбалерот не се прашува за многу работи, па пукнала тиквата и сака да си замине.

Флорентино Перез и фановите на Реал Мадрид беа згрозени од постапката на Мбапе минатото лето кога тој не го испочитува усмениот договор и одлучи да остане во ПСЖ.

Но последните информации велат дека времето го омекнало Флорентино Перез и тој е подготвен да му даде нова шанса на Мбапе да го исполни својот сон, но под услови на Реал Мадрид.

Мбапе нема да има привилегии околу правилата за маркетинг и имиџ правата какви што има сега во ПСЖ и француската репрезентација.

Платата ќе му биде во сооднос со структурата на плати во Реал Мадрид, нема да добие некој златен договор каков што има во ПСЖ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани