Стратегот на Барселона, Ханси Флик денеска зборуваше на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар од Копа Дел Реј во која Барселона ќе се соочи против Валенсија.
Едно од прашањето до германскиот стратег беше и за жалбата која Реал Мадрид неодамна ја испрати до Фудбалската федерација на Шпанија.
Реал Мадрид се пожали на арбитражата во натпреварот против Еспањол, но и изрази незадоволство и од одредени одлуки претходно. Флик вели дека тие никогаш не би се одлучиле на таков потег.
„Да бидам искрен, никогаш не би направле нешто таков, не би испратиле такво писмо. Тоа не е нашиот стил, ние не бараме алиби за неуспесите во сезоната. Имавме нколку „киксови“ и заостануваме на табелата и за таа ситуацијата вината ја бараме во нашите редови, сите сме луѓе и грешиме, така и судиите, мораме да имаме разбирање“, изјави Флик.