Флик со една изјава ја израдува цела Шпанија!

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, со својата последна изјава донесе позитивни вести за Ламин Јамал, кој неодамна се повреди.

Јамал се здоби со повреда на мечот против Селта при изведување пенал, по што беше јасно дека нема да се врати до крајот на клупската сезона. Сепак, според Флик, тој ќе биде подготвен за настап на Светското првенство.

„Добро се опоравува и верувам дека ќе го гледаме на Мундијалот. Има доволно време да се врати во посакуваната форма“, изјави Флик пред дуелот од Ла Лига против Осасуна.

Германскиот стратег изрази надеж и за Рафиња, кој се повреди за време на репрезентативните настапи во март.

„Тој секогаш дава максимум, и на натпреварите и на тренинзите. Ни е многу важен и очекуваме наскоро да се врати. Ќе патува со екипата, па ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во Памплона“, додаде Флик.

Барселона викендов има шанса да ја обезбеди шампионската титула во Шпанија, доколку слави против Осасуна, а Реал Мадрид не успее да го победи Еспањол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×