Тренерот на Барселона, Ханси Флик, веќе одржал интерни разговори со фудбалерите кои би можеле да се најдат на трансфер-листата ова лето.
Според каталонските медиуми, Флик сакал отворено да разговара со играчите кои минатата сезона беа незаменлив дел од тимот, но оваа година значително паднаа во формата, Жил Кунде и Алехандро Балде.
Двојката бекови имаше важна улога во минатосезонскиот поход кон домашната „триплета“, но оваа пролет падна во втор план. Во финишот од сезоната, Флик во најважните натпревари повеќе се потпираше на Ерик Гарсија и Жоао Кансело, што јасно покажало дека довербата кон Кунде и Балде веќе не е иста.
Германскиот стратег наводно им порачал дека повеќе немаат загарантирано место во стартниот тим и дека самите треба да одлучат дали, во случај на добра понуда, би го напуштиле клубот. За Кунде и Балде интерес покажуваат повеќе клубови од Премиер лигата, а Барселона би можела сериозно да заработи од нивна продажба.
Планот на Флик е Ерик Гарсија да остане стандарден десен бек, додека од позајмица во Елче се враќа сѐ подобриот Ектор Форт, кој би бил алтернатива на таа позиција. На левата страна би можел да остане Жоао Кансело, а како опција по пониска цена се споменува и Алехандро Грималдо.
Иако Балде сè уште е многу млад, во клубот сметаат дека веќе подолго време стагнира и не ја прави разликата што се очекувала од него.