1,4K
Eкипата на Барселона е на добар пат да ја освои титулата во шпанската Ла Лига каде што и оди одлично, а во тимот во меѓувреме се враќа и голманот Тер Шетеген.
Сепак, според последните најави тој нема веднаш да застане помеѓу стативите. Кога Германецот се повреди, Барселона го ангажираше Војчех Шчесни кој се врати од пензија, но се покажа како одлично решение.
Шчесни брани на високо ниво и според последните најави тренерот Флик нема намера да го менува.
Информациите од шпанските медиуми се дека Флик ќе му даде шанса на Тер Штеген само ако трката за титулата во Ла Лига биде одлучена порано.