Тренерот на Барселона, Ханси Флик кажал ДА за ангажман на Бернардо Силва, но за да се комплетира зделката, „каталонците“ ќе треба да се ослободат од двајца фудбалери.
Бернардо Силва е многу блиску до потпис со Барселона, откако агентот Жорж Мендеш успеа да ги убеди Жоан Лапорта и Деко, зелено светло кончено дал и тренерот Ханси Флик.
И покрај тоа што „каталонците“ имаат голем број на квалитетни играчи во редот за врска, ангажманот на Бернардо Силва е шанса што не треба да се пропушти поради неговото искуство, фудбалска интелигенција, квалитет и сестраност.
Но пред да се комплетира зделката, Барселона ќе треба да се ослободи од двајца фудбалери – на излезна врата се Марк Касадо и Руни Бардгџи.