Флик има порака до своите фудбалери пред мечот со Интер

by riste
1 минути читање

Денеска ќе се дознае првиот финалист во Лигата на шампионите, Интер ја пречекува Барселона во реванш полуфиналниот меч.

По спектаклот во Барселона кој заврши 3-3, прашањето околу патникот во големото финале ќе биде решен денеска.

На прес-конференцијата меѓудругото Флик беше прашан и дали има порака до своите фудбалери.

„Мојата порака до фудбалерите? Треба да уживате во мечот, голема работа е да се игра на ова ниво, може да дојдеме до финале, не сакам да им ставам притисок на фудбалерите, уживајте. Сакам да бидат добро поврзани, добро да се разбираа, да имаме добар посед на топка…“, рече Флик.

Германецот потврди дека Роберт Левандовски ќе почне од клупата.

„Зборував со Левандовски, тој има позитивен прогрес, ќе биде на клупата. Ќе игра ако ни треба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани