Флик „експлодираше“: Кој ви ги кажува овие лаги? Ова е сра*е!

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик вели дека нема вистина во информациите кои се појавија утрово и тоа како Деко извршил притисок за Ламин Јамал да не биде казнет против ПСЖ во Лигата на шампиони.

Ламин Јамал во последно време се почесто е во фокусот поради своето проблематично однесување, а денеска беше објавено дека младиот напаѓач направил нов хаос во тимот.

Се појавија информации дека Ламин Јамал задоцнил на еден состанок пред натпреварот против ПСЖ во Лигата на шампиони, но наместо да биде казнет како што претходно беа казнети Кунде, Рафиња и уште неколку други, младата ѕвезда беше стартер откако се замешал Деко и извршил притисок врз Ханси Флик.

Сепак, тренерот на Барселона вели дека нема вистина во ваквите написи.

„Би сакал да знам од каде ја добивте оваа информација? Ова е сра*е! Нема вистина“ – вели Германецот.

„Во овој клуб, со Деко и останатите директори имам професионален однос. Никој никогаш нема да побара нешто такво од мене. Тоа што е напишано е чиста глупост, лаже тој што го кажал ова“.

За однесувањето на Ламин Јамал, Ханси Флик вели: „За мене е најважно тој да го дава максимумот на секој тренинг. Да се однесува добро на теренот и да игра добро. Имаше слободни денови и нема да му се мешам во приватниот живот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×