Германскиот чувар на мрежата, Марк Андре Тер Штеген во целост се опоравил и е подготвен да се врати на терените, но според последните информации од медиумите, Флик нема намера да менува.
Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека Флик и во завршницата од сезоната ќе го користи Војчех Шчесни кој брани одлично.
Барселона го врати Шчесни од пензија по повредата на Тер Штеген, а со полскиот чувар на мрежата првиот пораз во 2025 година го забележа оваа недела од Борусија Дортмунд и тоа беше пораз со кој сепак продолжија во следната фаза.
Така Шчесни најверојатно ќе остане број еден до крајот на сезоната, додека во наредната ќе се бори за своето место со Тер Штеген. Од друга страна се очекува Ињаки Пења да замине.
Ќе потсетиме, Барселона го регистрираше Шчесни со првото на замена за тешката повреда на Тер Штеген, па ако сега повторно го пријави германскиот голман Шчесни нема да има право на настап.