Фитнес тренерот на Манџукиќ откри кога Хрватот ќе биде 100 проценти фит

by
1 минути читање

Манџукиќ кој од синоќа и официјално е нов фудбалер на Милан, последен компетитивен меч одиграл во март 2020 за катарскиот клуб Ал Духаил.

„Марио ме повика пред пет месеци за да почнеме интензивен перииод на индивидуални подготовки“, открива неговиот фитнес тренер Лука Милановиќ.

„Личната историја е екстремно важна кога се работи за специфична работа, потребно е да се соберат сите негови податоци за да се направи успешна фитнес програма“.

„Имам креирано специјална фитнес програма за него со која вежбаме сила и издржливост, но работиме и на терен“.

„Благодарение на неговата посветеност се е полесно. Зборуваме за напаѓач кој секогаш сака да се натпреварува на највисоко ниво“.

„20 години работам со спортисти и ви гарантирам ека Марио е во топ три атлети со кои сум работел. Очекувам 100 проценти фит да биде за два до три недели“.

„Тој го одбра Милан бидејќи сака да се натпреварува и да победува. Секогаш го дава најдоброто и секогаш е максимално фокусиран на натпреварите и тренинзите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×