230
По Душан Влаховиќ, можно е Фиорентина во наредната сезона да има нов српски напаѓач, тоа е Лука Јовиќ.
Виолетовите се во напредни преговори со Реал Мадрид за позајмица на Јовиќ.
Србинот добива голема плата во Реал Мадрид, па Фиорентина бара дел од примањата да ги подмирува и кралскиот клуб.
Јовиќ е отворен за преселба во Фиорентина, тој сака да се случи позајмицата и тоа е важен дел за реализација на трансферот.
Останува уште двата клуба да се договорат кој колку ќе покрива од платата на Јовиќ.