Финансискиот директор на Јувентус: Ова е лошо како Калчополи… само сега сами сме си виновни

by
1 минути читање

Во понеделникот
вечерта, Андреа Ањели и целото раководство на Јувентус неочекувано поднесоа
оставки од своите позиции.

Се верува дека
зад ваквиот потег стои истрагата „Призма“ и обвинувањата за штелување на
финансиските извештаи.

Медиумите од
Италија пренесуваат дека наскоро ќе биде донесена одлука за почеток на судски
процес и се подготвуваат налози за апсење на Андреа Ањели и неговите
соработници.

Во меѓувреме,
медиумите објавуваат дел од разговорот помеѓу финансискиот директор Стефано
Бертола и спортскиот директор Федерико Керубини.

Тие на 22. јули
минатата година вечерале во ресторан во Торино, а Бертола му се доверул на Керубини:
„Паметам само една волку лоша ситуација изминативе 15 години, тоа е Калчополи…
Само сега сами сме си виновни“.

Самиот Федерико
Керубини признал дека неговиот претходни Фабио Паратичи малку претерал со
зделките во кои намерно „се пумпале“ цените на фудбалерите со цел да се забележат
капитални добивки и да се искаже позитива во билансите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани