Финалето од ЛШ може да биде последен меч за Џеко во дресот на Интер

by
2 минути читање

Џеко во Истанбул ќе игра во финалето против Манчестер Сити, а потоа е можно да остане во турскиот град и да го комплетира трансферот во Фенербахче.

Неговиот договор со Интер истекува на 30. јуни, и покрај одличните перформанси оваа сезона, не постигна согласност за продолжување на соработката.

Според „Ла Република“, Фенербахче му нуди на Џеко двегодишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона. Тоа е многу повеќе од понудата која му ја подготвува Интер за продолжување на договорот.

@2024 – Сите права задржани