Финалето од купот на Шпанија ќе се игра, судиите нема да бидат променети!

by riste
1 минути читање

Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Рафел Лоузан и претседателот на судиската организација, Медина Кантаљехо потврдија дека ќе нема промена на судиите за утрешното Ел Класико финале.

Реал Мадрид правеше голем притисок за промена на судиите кои дури и се расплакаа поради тоа, но кралскиот клуб нема да го добие тоа што го сака.

„Ги назначивме судиите за утрешниот натпревар. И тоа е тоа, нема да има промени“, рече Рафаел Луизан.

Се најавуваше дека Реал Мадрид можеби ќе го бојкотира купот доколку не бидат променети судиите, но Медина Кантаљехо верува дека финалето ќе се игра.

„Финалето од Купот на Шпанија е славење на шпанскиот фудбал и се подготвува веќе два месеци. Мечот ќе се игра“, рече претседателот на судискиот комитет, Медина Кантаљехо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани