Финале со неверојатна драма во МЛС, Бејл во 128. минута го спаси Лос Анџелес, а потоа ја освоја титулата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лос Анџелес поведе во 28. минута со гол на Акоста, по 14 минути игра во вториот дел Газдаг изедначи на 1-1.

Во 83. минута Лос Анџелес дојде до ново водство со гол на Муриљо, но само две минути подоцна Елиот изедначи на 2-2. Со тој резултат заврши регуларниот дел од натпреварот.

Во 110. минута голманот на Лос Анџелес, Крепо направи фаул надвор од својот шеснаесетник и доби црвен картон. При фаулот тој си ја скрши ногата и на носилки беше изнесен од теренот. Во игра влезе нов голман.

Тој прими гол во 124. минута, Елиот донесе водство за Филаделфија од 3-2, но тоа не беше се.

Четири минути подоцна Герет Бејл погоди со глава и израмни на 3-3. По што пеналите требаше да решаваат кој ќе биде шампион.

Филаделфија ги промаши сите удари од белата точка, Лос Анџелес даде три и дојде до големиот трофеј.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×