Филипе Кутињо, засилување од 150 милиони евра со хендикеп

by
1 минути читање

Ливерпул минатото
лето не сакаше да слушне за продажба на Филипе Кутињо, но клубот од Енфилд сега
го омекна ставот, па и од Шпанија и од Англија пристигнуваат оптимистички
сигнали за трансфер вреден 150 милиони евра.

Се говори дека двата клуба во следните денови ќе ги испеглаат сите детали, и Бразилецот во понеделник би можел да биде презентиран како нов фудбалер на Барселона.

Но целата зделка
има одредени неповолности и Филипе Кутињо на Камп Ноу ќе пристигне со голем
хендикеп.

Бразилецот нема
да може да нстапува во Лигата на шампионите откако веќе го носеше дресот на
Ливерпул во најелитното европско натпреварување.

Тој ќе може да
настапува само во Примера, каде на Барса и оди одлично и без него,
„Каталонците“ имаат 9 бода предност на врвот на табелата и дури 14 повеќе од
лутиот ривал Реал Мадрид.

Исто така,
подолго време се говори дека „староседелците“ на Камп Ноу не се премногу
воодушевени од тоа што Филипе Кутињо ќе стане третиот најплатен играч во
составот, зад Лео Меси и Луис Суарез.

Најголеми
бунтовници се Жерард Пике и Серхио Бускетс, па Барса добро ќе треба да ги менаџира работите во соблекувалната за да не настане голем проблем во клучен дел од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани