Филип Лам става крај на фудбалската кариера

by
1 минути читање

33-годишниот германски фудбалер на лето ќе стави крај на фудбалската кариера и покрај тоа што ќе има уште една година од договорот со Баерн Минхен.

Лам е продукт на академијата на Баерн, има 501 настап за клубот од неговото сениорско деби во 2002 година, седум пати ја освои Бундеслигата и еднаш Лигата на шампионите.

„Ќе ја завршам мојата кариера по крајот од сезоната“ – потврди Лам за германските медиуми.

„Размислував за ова повеќе од една година и одлучив, го информирав клубот за мојата одлука. Ќе продолжам да го давам најдоброто на секој тренинг и на секој меч до крајот на сезоната“.

Лам имаше 113 настапи за германската репрезентација откако реши да се повлече од националниот дрес по Светското првенство во Бразил кога како капитен ја предводеше својата селекција до златото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани