Фиго: Доколку Меси не сака да остане во Барселона, ништо нема да го предомисли

by
1 минути читање

Луис Фиго верува
дека Лионел Меси и натаму ќе остане на ставот да си замине од Барселона, со тоа
што Португалецот предупредува дека ништо нема да му го промени ставот на
Аргентинецот по тоа прашање.

Шесткратниот
освојувач на Златната топка изминатото лето јавно објави дека сака да си замине
од Барселона, за што го извести и клубот, меѓутоа од таму доби негативен
одговор во однос на контроверзната откупна клаузула, по што на крајот
Аргентинецот остана на „Камп Ноу“, но Фиго смета дека желбата на Меси и натаму
ќе остане иста.

Ги следев
случувањата со Меси и неговите обиди да си замине од Барселона изминатото лето,
а како и сите љубители на фудбалот, и јас исто бев изненаден
“ вели Фиго за „Марка“.

Тој и натаму ќе
ги има истите мотиви и причини за да ја оствари таа одлука, не знам што се
случило претходно
“ додава Португалецот.

Генерално во
животот, доколку не сакате да бидете на некое место, на крајот не постои ништо
што би ве спречило да го промените вашето мислење, секој клуб сака да има играч
како Меси, но тоа сепак зависи и од актуелната финансиска состојба во клубот

заклучи Фиго.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани