755
Светското првенство во 2026 ќе биде прво на кое ќе учествуваат дури 48 репрезентации и првичниот план беше тие да бидат поделени во 16 групи со по 3 селекции.
Сепак, ФИФА се пишмани и одлучи да направи промена на форматот. Поради стравување за местенки и тоа што добар дел од селекциите ќе одиграат само два натпревари, светската куќа на фудбалот се реши за 12 групи со по 4 селекции.
Во нок-аут фазата ќе одат првите две репрезентации од групите и 8 најдобро третопласирани.
Љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат на 104 натпревари кои ќе се играат во САД, Мексико и Канада.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.