„ФИФА нека ги направи сите кабли од косата на Хрватите…“

by 24 фудбал
1 минути читање

Контроверзата од четвртфиналето меѓу Англија и Норвешка и натаму не стивнува, а сега во приказната се вклучи и легендарниот шахист Гари Каспаров.

Норвежаните сметаат дека пред израмнувачкиот гол на Џуд Белингем топката го допрела кабелот на камерата и ја променила насоката, но ФИФА објави снимка и податоци од чипот во топката, според кои немало никаков контакт.

На ваквото објаснување саркастично реагираше Каспаров, кој потсети на поништениот гол на Хрватска против Португалија во осминафиналето.

ФИФА треба сите кабли за камерите да ги прави од хрватска коса“, напиша Каспаров на социјалната мрежа Икс.

Со оваа порака тој алудираше на ситуацијата кога погодокот на Хрватска беше поништен бидејќи чипот во топката регистрирал минимален контакт со косата на Игор Матановиќ, додека во случајот со кабелот не беше забележан никаков допир.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×