Капитенот на Никарагва, Хуан Барера изјави дека тој не гласал, а гласот му бил впишан за Меси.
Се побуни и селекторот на Судан кој рече дека гласал за други фудбалери а не за Меси.
ФИФА сега се огласи и демантира дека имало грешки во прикажувањето на гласовите.
„Ние ги проверивме документите за гласањето од Фудбалската федерација на Никарагва и сите документи се потпишани и потврдени со официјален печат од Фудбалската федерација на Никарагва“, се вели во соопштението на ФИФА.
„Споредено со тие гласови и оние кои ги објави FIFA.com, можеме да потврдиме дека ги имаме впишано вистинските гласови за фудбалерот. Бараме од Фудбалската федерација на Никарагва да го истражи случајот“.
„Дополнително, гласовите од Египет за Мохамед Салах не се земени во предвид бидејќи нивните потписи се со големи букви и тоа не е валидно, не е автентично, и гласачките форми не се потпишани од генералниот секретар на федерацијата што е задолжително“.