ФФМ ја објави продажбата на билети за мечот против Белгија

by 24 фудбал
0 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија ја објави продажбата на билетите за натпреварот против Белгија во квалификациите за Светското првенство.

„Рисовите“ ќе го дочекаат европскиот гигант на 6 јуни (петок) на Националната арена „Тодор Проески“ во терминот од 20:45 часот. Продажбата на билетите започна попладнево и ќе се продаваат само онлајн.

Цената на билетите ќе биде 300, 400 и 500 денари, а ќе се продаваат карти за западната, северната и јужната трибина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани