Фернандеш откри дека разговарал со Роналдо и проговори за ситуацијата на напаѓачот

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо не се пријави на стартот од подготовките за новата сезона, официјалното
образложение беше дека Португалецот поради семејни проблеми ќе се врати подоцна
во Манчестер.

Но ова беше малку симптоматично
откако ден претходно медиумите на големо шпекулираа дека напаѓачот доставил
барање за трансфер и сака да го напушти Манчестер јунајтед ова лето.

Медиумите и
понатаму продолжуваат да пишуваат за иднината на Кристијано Роналдо, кој ја
пропушти турнејата во Азија.

„Не знам што
Кристијано му има кажано на клубот и тренерот, не знам што му се врти низ
глава, но мораме да му оставиме простор. Тој минатата сезона беше нашиот
најдобар стрелец, но очигледно не одлучувам јас, клубот и самиот Роналдо треба
да одлучат“
– вели Бруно Фернандеш.

„Разговарав со
него, но го прашав само дали се е во ред со неговото семејство, тој ми кажа што
се случува и толку, ништо повеќе не разговаравме за иднината и можно заминување“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани