Фернандеш до Мурињо и останатите критичари: Погледнете ја статистиката, само Де Брујне…

by
1 минути читање

Љубителите на
фудбалот неретко забележуваат на често досудените пенали во корист на Манчестер
јунајтед, а откако го облече дресот на „Црвените ѓаволи“, Бруно Фернандеш стана
прв пеналџија во составот на Оле Гунар Солшер, таа улога претходно ја делеа
Рашфорд и Марсијал.

Темата околу
пеналите се сведе и на Фернандеш, кој јавно беше прозван од својот сонародник
од клупата на Тотнем, Жозе Мурињо кој алудираше на тоа дека сето учество на
Фернандеш во играта на Манчестер јунајтед се сведува на голови од белата точка.

Во интервју за „Абола“,
Фернандеш одговори на тие коментари од страна на Мурињо и останатите со што
наведе дека само Кевин Де Брујне од Манчестер Сити е поуспешен од него во однос
на учеството во погодоците генерално гледано, сумирано кај фудбалерите од средниот ред во
Премиерлигата.

Слушам дека
некои луѓе често знаат да кажат дека само од пенали сум постигнувал голови,
меѓутоа, пред извесен период ја увидов статистиката, особено за пеналите, а
истата говори дека само Де Брујне има поголема инволвираност во головите во
Англија од мене во однос на фудбалерите од средниот ред
“ рече Фернандеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×