Фернандеш бара судиите да му се извинат на Манчестер јунајтед!

by
1 минути читање

Во првото коло Манчестер јунајтед го победи Вулвс со 1-0, а судиите не досудија пенал во самиот финиш од мечот за гостите. Судијата не сакаше ниту да ја погледне снимката. По мечот судијата им се извини на „волците“.

Вчера Манчестер јунајтед со 2-0 загуби на гостувањето кај Тотнем, а овојпат имаше спорен момент од кој оштетени излегоа „црвените ѓаволи“. Имаше игра со рака во шеснаесетникот на домаќините, но Мајкл Оливер не досуди ништо. 

„Минатата недела направија голема работа од тоа што Вулвс не добил пенал против Манчестер јунајтед“, вели Бруно Фернандеш.

„Сакам да видам што ќе се случи оваа недела, дали ќе го гледаме истото шоу што го гледавме минатата недела“.

„Сакам да видам дали Џон Мос ќе дојде да се извини во нашата соблекувална како што му се извини на тренерот на Вулвс“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани