Џејдон Санчо синоќа не беше во составот на „ѓаволите“ за дербито против Арсенал, а по крајот на натпреварот, Ерик тен Хаг рече дека не бил задоволен од она што го видел на тренинзите, па затоа повлекол еден ваков чекор.
Потоа се огласи и напаѓачот, кој влезе во војна со тренерот и на социјалните мрежи порача дека Холанѓанецот лаже.
Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд даде свое видување за целата ситуација, одби да навлегува кој е во право, но го советува Џејдон Санчо да замине од „Олд Трафорд“.
„Нема шанси Џејдон да излезе со вакво соопштение доколку не смета дека доволно се залагал на тренинзите“ – вели Рио Фердинанд.
„Но тренерот можеби мисли поинаку и има различни стандарди“.
„Ова може да се реши на два начини. Има неколку земји каде трансфер пазарот се уште е отворен, па Џејдон да замине во Саудиска Арабија. Доколку остане, ќе дреме на клупа цела сезона или пак ќе биде надвор од тимот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.