Кристијано
Роналдо е познат по својот огромен натпреварувачки дух а Рио Фердинанд вели
дека и тој има одредена заслуга за ваквиот карактер на Португалецот.
„Јас и Квинтон
Форчун душата му ја вадевме, често го исмевавме. Беше многу помлад од нас во
тоа време, тоа што му го правевме беше на граница на булинг, но само се
обидувавме да го исчеличиме“ – вели Рио Фердинанд.
„Игравме
пинг-понг пред секој тренинг. Едно време го правев партaли. Потоа почна и тој
да ме победува… Јас и Роналдо бевме број еден и број два, како Фердерер и
Надал. Да се пренесуваа нашите натпревари, ќе рушевме рекорди“.
„Малку фалеше да
плаче… имаше толку голем натпреварувачки дух“.
Претходно Патрис
Евра има раскажано анегдота на оваа тема, како Рио Фердинанд „го искинал“ Кристијано
Роналдо на пинг понг пред соиграчите од Манчестер јунајтед кои урлале и се
смееле, па Португалецот веднаш купил маса за пинг-понг и се усовршил.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.