Месут Озил е пред трансфер во Фенербахче, Германецот во Арсенал заработуваше околу 20 милиони евра годишно а сега се сложи да добива плата помеѓу 4 и 5 милиони евра.
Сепак и оваа сума е голема за „жолто-сините, кои имаат и огромен долг.
Па управата на Фенербахче реши да побара помош од навивачите, кои можат да донираат 20 лири (околу 2,2 евра) со СМС порака „MESUTOL“ на бројот 1907.
По објавата на веста, веб страната на Фенербахче падна и не беше достапна 20-тина минути. Во првите 12 часа од акцијата, испратени се околу 150.000 пораки.
Првиот човек на клубот, Али Коч се надева дека ќе стигнат до бројката од еден милион пораки.
„Има барање до фановите. Ве молам продолжете да не поддржувате, зависиме од вашата финансиска поддршка. На денот кога Озил ќе стави потпис, очекувам да падне рекорд, очекувам 300.000, 500.000 илјади пораки, дури може и еден милион пораки“ – вели претседателот на Фенербахче.