Фенербахче ќе го бојкотира мечот со Галатасарај, ќе игра со младинци!

by
1 минути читање

Фенербахче влезе во војна со Турската фудбалска федерација по големиот инцидент кој се случи во Трабзон каде влегоа навивачи на теренот и ги напднаа фудбалерите.

За престојниот меч од Суперкупот, Фенербахче замоли натпреварот да се одложи за друг термин и да се делегираат странски судии, но одговор од Турската федерација не стигна. Поради тоа ќе се случи најавениот бојкот.

„Ќе играме со младинскиот тим. Пративме допис до Фудбалската федерација на Турција во кој бараме натпреварот да се одложи или да се одредат странции судии, но одговор не добивме, па ќе играме со младинци. Покрај тоа, одлучивме во следните две сезони да не учествуваме во Купот на Турција“, изјави потпретседателот на Фенербахче, Ерол Билечик.

Турскиот весник „Фанатик“ пишува и за поекстремно сценарио. Фенербахче на натпреварот ќе пријави само девет играчи, а потоа тројца ќе ја напуштат играта поради „повреда“, па судијата ќе го прекине мечот поради недоволен број на фудбалери, па службена победа ќе му биде запишана на Галатасарај.

Ова е непотврдено сценарио, само јасно е дека Фенер ќе игра со младинци.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани