Галатасарај ќе ја одбрани титулата во Турција, со вчерашниот пораз на Фенербахче од Бешикташ со 1-0, пропаднаа сите шанси на Жозе Мурињо да ги промени работите во турското првенство.
Во текот на сезоната Мурињо повеќепати се пожали на судењето, тој смета дека судиите го форсираат Галатасарај да биде шампион, тој е миленикот на фудбалските власти.
По поразот од Бешикташ, кога стана јасно дека Фенер веќе нема никакви шанси за титулата, Мурињо уште еднаш кажа што мисли.
„Моите играчи даваат максимум, за жал овојпат некои од нив не беа добри. Но, овој меч не беше одлучувачки за нас. Имаше пенал кој требаше да биде во наша полза, но беше досуден контра нас. Ова се случува во текот на целата сезона, не заслуживме да загубиме, напротив, создадовме многу шанси и требаше да победиме“, рече Мурињо за мечот со Бешикташ па продолжи:
„Исходот на оваа сезона во турската лига беше одреден пред почетокот на првенство. Секако дека бодовите кои ги загубивме на домашен терен во последните неколку мечеви се одлучувачки. ВАР одлуките, судиските одлуки. Уморен сум веќе да зборувам за ова. Немам моќ, ништо не се менува, но таа е ситуацијата, таа е вистината“.
Мурињо не успеа да освои трофеј во својата прва сезона како тренер на Фенербахче, нејасно е дали ќе биде на кормилото и наредната сезона или ќе замине.
„Нема да зборувам за следната сезона. Ќе зборувам интерно со клубот, не со медиумите. Ако има нешто, ќе зборувам со претседателот и бордот, нема јавно да кажувам“.