Фелипе Андерсон го разочара Јувентус, „старта дама“ се насочува кон двајца играчи на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

„Старата дама“
подолго време се обидуваше да го ангажира Фелипе Андерсон, кој ги одработува
последните месеци од договорот со Лацио и летоска може беспари да ја промени
средината.

Кристијано
Џунтоли и неговите соработници сепак ќе мора да се насочат кон други
алтернативи откако Бразилецот доцна синоќа соопшти дека се решил за авантура во
Палмеирас.

Како што
пренесуваат медиумите од Италија, Јувентус сега во бележникот има двајца
фудбалери на Манчестер јунајтед.

Едната опција е
Мејсон Гринвуд, кој нема иднина на „Олд Трафорд“ и се очекува летоска да биде
продаден. Проблем е тоа што цената на Англичанецот изнесува околу 35 милиони
евра, и за неговите услуги има голем интерес ширум Европа.

Втората опција е
Антони Марсијал, и една ваква зделка во теорија е помалку комплицирана.
Французинот би пристигнал беспари, и единствена пречка е неговата плата од над
6 милиони евра по сезона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани