Фекир понуден на Реал Мадрид

by
1 минути читање

Реал Мадрид се
поврзува со трансфер на плејмејкерот на Лион, Набил Фекир, барем според
информациите кои во јавноста ги пласираше Марка, наводно тој му бил понуден на шпанскиот гигант.

25 годишниот
Фекир во ланската сезона постигна 23 погодоци за Лион, а воедно годинава и
помогна на селекцијата на Франција да стигне до титулата од Светското првенство
кое изминатото лето се одржа во Русија.

Плејмејкерот
претходно беше поврзуван со преселба во Мадрид и Барселона изминатото лето,
додека, со една нога веќе беше во Ливерпул, откако во последен момент пропадна
тој трансфер кој беше пред самата реализација.

Актуелниот
договор на Фекир со Лион истекува во јуни 2020. година, а неофицијалните
информации кои пристигнуваат велат дека претседателот на францускиот прволигаш,
Жан-Мишел Олас станува нервозен во однос на падот на цената на фудбалерот, а
тој веќе ја отворил можноста за негова продажба.

Капитенот на Лион
беше еден од клучните фудбалери оваа сезона во успехот на тимот кој влезе во
топ 16 од Лигата на шампионите, а во елиминационата фаза ќе се судри со
Барселона, сезонава постигна шест погодоци и четири асистенции во неговите 16
настапи за клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани