Феенорд му даде отказ на Робн ван Перси

by riste
1 минути читање

Феенорд реши да се раздели со Робин ван Перси и покрај тоа што тој го однесе тимот во Лигата на шампионите. Холандскиот тим одлучи во наредната сезона да почне со нов тренер.

Четириесет и двегодишниот стручњак го водеше клубот на 58 натпревари, забележувајќи 30 победи и 19 порази. Тој беше промовиран на местото главен тренер најмногу благодарение на успесите со младинските категории, кои ги водеше под менторство на Дик Адвокат.

„Спроведовме темелна внатрешна анализа. Ги зедовме предвид развојот на прикажаната игра и надолниот тренд во освојувањето бодови, како во Европа, така и во холандската лига. Заклучивме дека би било подобро следната сезона да ја започнеме со нов главен тренер. Робин ван Перси даде сè од себе за клубот во изминатите година и пол. Секако заслужува признание што тешката сезона ја заврши на второто место и со тоа обезбеди Лига на шампиони, што е, се разбира, многу важно“, изјави техничкиот директор на Феенорд, Деви Риго.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×