Фати: ПСЖ? Сакам целата кариера да ја поминам во Барселона

by
1 минути читање

Фати треба да биде еден од столбовите на тимот на Барселона во иднина, но постојано се мачи со повреди и не може да врзе континуитет на натпревари.

Во меѓувреме во медиумите се појавија и шпекулации дека ПСЖ се интересира за Фати.

„ПСЖ сака да ме купи? Вистината е дека не знам ништо за тоа“, вели Фати.

„Тоа се работи кои ги следат мојот агент и моите родители. Уште од почетокот им кажав на мојот агент и мојот татко која е мојата цел, тоа е да останам во Барселона. Јасен сум по тоа прашање, сакам да ја поминам целата кариера тука“.

19-годишниот Фати неодмана потпиша нов договор со Барселона со траење до 2027 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани